Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вчера ги смени командантите на копнените и на поморските сили, како и командантот на военото воздухопловство.
Но, и покрај смените на командантите, на функција останува министерот за одбрана Бладимир Падрино Лопез.
– Како и секогаш, одлучив да има делумна потврда и делумно обнова на исклучителниот тим на воени команданти, кои ја предводат врвната воена команда на Венецуела, изјави Мадуро за време на церемонијата што се емитуваше на државната телевизија.
Армијата е еден од поддржувачите на Мадуро.
Претходно, Врховниот суд на Венецуела го отстрани од раководството на партијата Народна волја венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо и на негово место постави еден од неговите политички ривали. Согласно со одлука на судот Народна волја треба да биде раководена од Хозе Грегорио Нориега.