– Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е изработена Нацрт Одлуката за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел и дека истата е објавувена за коментари од јавноста.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини најавува дека по изборниот процес, планирани се и четири јавни расправи по овој акт, на кои засегнатите страни ќе имаат можност да го кажат своето мислење.
Во однос на Предлог – законот за прогласување на Шар Планина за национален парк, министерот Нуредини информира рече дека актот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје е веќе во финална фаза, но бидејќи се работи за подрачје во категоријата II, национален парк кое се прогласува со донесување на закон, тоа бара повеќе консултативни средби и покомплексна работа.
Во исто време, додаде, започнавме паралелно да работиме и на Нацрт-планот за управување на ова заштитено подрачје, а законот, во најкус можен рок, ќе биде, исто така, објавен за коментирање, по што ќе следат јавните расправи.
Нацрт-одлуката, како што наведуваат, е достапна за преземање на веб-страницата на МЖСПП и на неа ќе може да се коментира и преку Електронскиот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) до 31 август.