Возач на автобус на ЈСП бил нападнат, вчера вечер во Ѓорче Петров, информираше МВР.
-На 08.07.2020 во 2 часот во СВР Скопје, З.Р.(49) од с.Волково, скопско, вработен како возач на автобус во ЈСП Скопје, пријавил дека на 07.07.2020 околу 22.30 часот, додека управувал градски автобус од Хром кон Ѓорче Петров, на улица Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.З.(22) од Скопје, велат од полиција.
По преземени мерки А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.