Најдобриот играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, по поразот на гостувањето кај Милан (4:2) во рамките од 31. коло во италијанското фудбалско првенство, истакна дека „старата дама“ не треба да се очајува. Јувентус кој е лидер со седум бода предност пред Лацио, во трката за одбрана на титулата, е поразен во Серија А за прв пат од почетокот на февруари.
– Ова не беше резултатот што го сакавме, но треба да ги кренеме главите и да продолжиме да работиме! – напиша Роналдо на Инстаграм.
Јувентус за прв пат по седум години прими четири гола на еден меч во Серија А. Претходно тоа се случи во октомври 2013 кога загуби од Фиорентина исто така со 4:2.