-Во овие не цели три години на власт, ги исполнивме нашите изборни ветувања од 2016 година. Односно ги враќаме парите кај граѓаните, вложуваме во човечкиот капитал и евроатланстската интеграција. 30 членка сме во НАТО . Следниот четиригодишен мандат треба да ги отвориме 80 % од поглавјата со ЕУ, но и финиширање на градежната офанзива во третата изборна единица.
Продолжуваме со изградбата на трите од четирите експресни патишта. Автопатот Миладиновци –Штип го завршивме , градиме експресен пат Штип –Радовиш, наскоро ќе биде готова и првата делница Штип-Кочани до делот на Крупиште, експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. Инвестираме во младите, земјоделието, ги зголемуваме на платите на просечна од 34.000 денари и минимална од 20.000 денари, ги поддржуваме младите доктори, младите земјоделци.-истакна Јагода Шахпаска носителка на листа на ИЕ 3 , на емисијата Парламентарни избори 2020 на ТВ Телма.
Таа додаде дека и за изминатиот период се градеа и канализациони и водоводни мрежи, градинки и училишта.
-Нашиот слоган е МОЖЕМЕ , тоа значи дека она што го направивме изминатите три години, ќе го правиме и следните четири уште повеќе и уште подобро.
Докажавме дека ги враќаме парите кај граѓаните, преку укинувањето на радиодифузна такса, преку враќање на ефтината тарифа на струјата, повратот на ДДВ кон граѓаните. Кажавме дека ќе вложуваме во чевечкиот капитал и тоа го направивме. Во здравствениот сектор, постигнавме зголемување на платите на докторите специјалисти до 40% , медицинските сестри до 23% , зголемување на капитациониот бод, зголемување на платите во центите за социјална работа, 5000 согласности ,односно 5000 вработувања во здравството. Го решивме статусот на 12000 стечајци и ги зголемивме пензиите. –посочи Шахпаска.
Здравството претставува една од најуспешните приказни на актуелната власт. Вработивме 780 доктори и 1000 медицински сестри. Платата на лекарите специјалисти изнесува меѓу 80-160.000 денари .
Наспроти овие успеси, слушнавме многу добро за злоупотребата од 5 милиони евра за набавката на двокатните автобуси во ЈСП и за залагањата на Панорамското тркало кое чини 18 милиони евра
Разликата помеѓу СДСМ за изминативе три години и вас е ние вративме 11 милиони евра назад кон граѓаните, а вие земавте од граѓаните.