Кривична против поранешниот претседател на Уставен поради „Законот за двојазичност“

Левица ќе поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд, Никола Ивановски за кривично дело саботажа казниво по чл. 315 од Кривичниот законик, како сериозно кривично дело против државата за кое е запретена затворска казна од минимум 4 години.

-Сметаме дека, со тоа што поранешниот претседател на Уставниот суд свесно и злонамерно го криел предметот за т.н. „Закон за двојазичност“ во фиока, овозможил во правниот промет илегално да се ефектуира „закон“ без потпис од Претседателот на Републиката- што е прв ваков случај во историјата на Македонија и претставува опасен правен преседан. Со ова, цениме дека се исполнети сите законски предуслови за отворање на истражна постапка против пријавениот, бидејќи во меѓувреме е направена значителна материјална штета по државниот буџет, поради тоа што сите државни органи и јавни институции, противуставно, беа приморани да ги сменат своите официјални табли, службени печати, меморануми и сл, велат од Левица.

Кривичната пријава утре ќе ја образложи престседателот на Левица, Димитар Апасиев пред Основното јавно обвиниелство.

Треба да знаете
Последни објави