Во врска со сознанијата на СЗО дека коронавирусот се пренесува и преку воздух, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека засега не се препорачува носење маска на отворено, при возење велосипед или во лифт.
-Прашање е колку може да издржи во воздухот и дали трансферот се прави со капки или може да лебди и тоа е една голема непозната. Во секој случај маската како надополнување на држењето дистанца согласно потврдените сегашни сознанија е доволна мерка. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките, така како што се сега димензионирани. Во таа смисла оваа мерка е сосем соодветна, рече Филипче по средбата со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“