Николовски: Заев во очај од престојниот пораз пласира лажни вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на Фејсбук одговори на последните ауди бомби во кој се спопнува и тој.

„Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај!
Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа. Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност. Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?, напиша Николовски.

 

Треба да знаете
Последни објави