Ретко ја гледаме во вакво издание – Никол Кидман објави емотивна честитка по повод роденденот на постарата ќерка!

Иако одамна одлучи дека нејзиниот приватен живот ќе остане токму тоа – приватен- овој пат Никол Кидман не можеше а да него сподели со своите фанови овој среќен ден од нејзиното семејство. Нејзината постара ќерка Санди Роуз, која го доби во бракот со Кејт Урбан, го прослави својот 12-ти роденден.

Скоро 7 милиони следбеници на познатата австралиска актерка беа изненадени кога Никол Кидман, позната по тоа што ретко споделува делови од својот приватен живот со јавноста, сподели со нив фотографија со постарата ќерка Санди Роуз, по повод нејзиниот 12 роденден.

„Роденденски прегратки за нашата сакана Санди“, напиша 53-годишната Никол Кидман веднаш до фотографијата на која таа е во преден план и со затворени очи додека нежно ја допира косата на постарата ќерка. Секако, и овој пат, актерката не го покажа лицето на својата ќерка, што не изненадува, бидејќи таа и нејзиниот сопруг, пејачот Кејт Урбан, одамна донесоа заедничка одлука да им дадат на своите ќерки да растат далеку од љубопитните очи на јавноста…

https://www.instagram.com/p/CCWMq9qp_L3/

Преземено од popara.mk

Треба да знаете
Последни објави