Барселона за одземена титула му врати на градскиот ривал Еспањол со испаѓање

Барселона со многу мака го доби градското дерби со Еспањол (1:0) и остана во трката за титулата во шпанската фудбалска Ла Лига. Поразот на „Камп Ноу“, за лутиот градски ривал Еспањол значеше и испаѓање од елитното национално натпреаврување.

Еспањол ги загуби математички сите шанси да се избори за опстанок. Оваа разделба од елитното натреаврување од вип-ложата го следеше Раул Тамудо кој пред 13 години и ја одзема титулата на Барселона.

Тамудо токму на „Камп Ноу“ пред 13 години со гол во 89 минута придонесе неговиот тим Еспањол да се избори за реми 2:2, во претпоследното коло што Барселона ја чинеше и загубена титула. Во последното коло Барса и Реал влегоа со ист број освоени бодови, а поради голот на Тамудо, откако двата фаворити победија во последното коло, Реал ја освои титулата поради подобриот меѓусебен скор.

Тринаесет години подоцна, Тамудо како директорт на Еспањол гледаше како испаѓа неговиот тим во Сегунда по 27 години.

Треба да знаете
Последни објави