Шекеринска молчи за состаноците со осудените за рекет, но и за нелегалните пицерии, бетонски бази кои никнаа во нејзиниот мандат

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска

„Радмила Шекеринска народот ја виде како седи и држи состаноци со обвинетите и веќе осудени во Рекет, токму во време кога се спроведувала целата операција. Народот од неа очекува одговор која била причината за ваквите средби, дали таа била супервизорот на рекетирањето ?

Манипулациите на Шекеринска не поминуваат кај народот. Таа можеше во овие три години да направи нешто за Охрид и за статусот на градот и езерото во УНЕСКО, но гледаме дека таа била заинтересирана повеќе за други сомнителни работи. Токму во нејзиниот мандат во охридскиот и струшкиот регион се градеа нелегални пицерии, бетонски бази, парапетчиња и слично. Таа во 2016-та ги зборуваше истите работи, ама ништо не направи. Лажеше тогаш лаже и сега.

Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

 

 

Треба да знаете
Последни објави