Македонскиот ракометен суперлигаш Металург за новата сезона го ангажира искусниот 31-годишен босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија, кој игра на позицијата среден бек.
Тарабокија во Автокоманда пристигнува од редвите на екипата на Чурго од Унгарија. Во својата кариера има настапувано за Висла Плок, Азоти Пуави, Марибор и ППД Загреб.