Милнер се искачи на петтото место по бројот на одиграни премиерлигашки натпревари

Фудбалерот од средниот ред на новиот англиски шампион Ливерпул, Џејмс Милнер, по синоќешниот настап за „црвените“ во 34. коло против Брајтон се искачи на петтото место по бројот на одиграни премиерлигашки натпревари. Неговиот тим победи со 3:1, а за него овој натпревар беше 536-ти во Премиер лигата.

Според „Опта”, Милнер петтиот играч во оваа конкуренција според бројот на одиграни натпревари во историјата на Премиер лигата, поминувајќи го Гери Спид кој остана на 535 средби.

Пред Милнер се Герет Бери со 653, Рајан Гигс со 632, Франк Лампард со 609 и Дејвид Џејмес со 572 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави