Охриѓанец во самоизолација излегол од дома и со автомобил му го попречил патот на сограѓанин, кого го претепал и му се заканил дека ќе го убие, информираше полицијата.
-На 08.07.2020 година околу 11.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид. Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против напаѓаќот ќе биде поднесена соодветна пријава