Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, на предизборен митинг во Пенсилванија синоќа, го искритикува претседателот Доналд Трамп дека се грижел само за берзите додека американската економија тоне.
Пенсилванија се смета за една од клучните „фронтови држава” (battleground states), партиски неопределена и од која зависи исходот од гласањето за избор на американски претседател.
На митинг пред работници во металуршки комбинат во Данмор, Бајден го обвини Трамп, неговиот републикански соперник на изборите годинава на 3 ноември, дека е „фокусиран само” каква е состојбата на берзите, во време кога 50 милиони работници изгубија работа од почетокот на пандемијата во март.
Во изминатиот период, доколку берзите реагираат позитивно на некој настан, Трамп веднаш е испраќа твит дека земјата оди во добра економска насока, и економијата се поправа во второто полугодие и во 2021 година. Но тргувањата на берзите не се секогаш позитивни.
Во испитувањата на јавното мнение на национално ниво, рејтингот на Бајден, поранешeн потпретседател, е подобар од оној на Трамп. Бизнисмен на надвижности и сопственик на голф клубови, тој сеуште води кога се работи за економски прашања, затоа фокусот на економијата за Бајден е клучен момент да извојува убедлива победа.
Демократскиот кандидат истакна дека планира сеопафтна економска обнова во висина од 300 милијарди долари за истражувања и развој на проекти за обновлива енергија, телекомуникации, вештачка интелигеција и други области.
Ја актуелизира и кампањата „купувајте американско”, со план од 400 милијарди долари за владини набавки на стоки произведени во САД како еколошки чисти производи и градежен материал.
Во текот на вчерашниот ден, Бајден го посети и Скрантон, Пенсилванија, град каде поминал дел од своето детство. Во текот на прошетката низ градот во придружба на државно обезбедување, тој застана и клекна на колено да поразговара со едно детенце.
Противничкиот табор веднаш окарактеризира дека Бајден „потпаднал под влијание на екстремната левица”, по антирасистичките протести низ САД изминатиот период во кои еден од симболите е и клечење на колено.
-Треба да и погледнеме на вистината в очи, левите радикали навистина го обработиле Џо. Тој нема поим што тие прават и што планираат да направат, изјави Трамп за Фокс њуз на критиките на Бајден.