Караванот на Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ денес одржа трибина со граѓани на Скопска Кисела Вода. Говореа, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, носителите на ИЕ1, Никола Димитров и Мила Царовска и кандидатот за пратеник и претседател на СДММ, Дарко Каевски.
„Се ближи денот за една од најважните одлуки за нашата заедничка иднина! Коалицијата „Можеме” Ве повикува во среда да се придружите, масовно да излезете и да ја изберете единствената опција која чекори по вистинскиот пат! Придружите ни се на 15 јули, да ги почнеме преговорите со ЕУ, да создадеме европски стандарди дома. НАТО го испорачавме, сега следи ЕУ! Да не се лажеме, од другата страна е здружението кое сака да не врати во темницата, кое сака да го пропуштиме возот за ЕУ, да пропадне оваа златна шанса за нашата генерација. Ние тоа не смееме да им го дозволиме. Сите ние присутни овде, на чело со Зоран Заев, сме гаранција за сигурна иднина!” -истакна Димитров