На 09.07.2020 околу 22.30 на регионалниот пат Велес- Прилеп, во атар на с.Присад, прилепско, патничко возило „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетало од патот.
Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал.
Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.