Неколку десетици припадници на десничарски организации се собраа вечерва пред српскиот Парламент, и покрај сериозната епидемиолошка ситуација во Белград и мерките за забрана на организирани собири на повеќе од десет луѓе на отворен простор.
Демонстрантите се седнати пред заштитната ограда, која е поставена пред Собранието, и на неа е поставен транспарент на кој пишува „Косово е Србија”, „Нема поделба, нема предавство” и „Крим е Русија”.
Во еден момент до нив се приближиле припадниците на полицијата, но за кратко се повлекле.
На собирот бил присутен и членот на партијата Двери, Срѓан Ного кој е уапсен уште на самиот почеток на протестите. Тој им дофрлал на полицајците, по што бил уапсен од цивилна полиција и однесен во правец на Собранието. Ного се спротивставил на апсењето.
Полицијата е распоредена околу Парламентот и на блиските улици.