Центарот на Кливленд Кавалиерс, Анте Жижиќ се согласи да се пресели во Реал Мадрид, соопштија извори на „Еврохопс”.
Договорот ќе биде финализиран кога ќе му престане договорот со „кавси”. Хрватот се очекува да потпише договор со „белите” за следните неколку сезони.
Така, Жижиќ ќе се врати во Евролигата по тригодишно отсуство. 23-годишниот кошаркар последен пат се натпреваруваше на Стариот континент со екипата на турскиот Дарушафака, со 20 натпревари на турнирот на богатите во сезоната 16/17 и постигнуваше во просек 9,0 поени и 6,7 скокови.
Тој беше избран под бр.23 од Бостон Селтикс во НБА лигата, но беше испратен во Кливленд, каде игра три сезони.
За време на изминатата кампања тој заврши со просек од 4,4 поени и 3,0 скока на 22 натпревари.