Писмото од Бојан Јовановски- Боки 13, кое вчера беше прочитано од неговиот адвокат Сашо Дукоски, Република го објави во целост. Јовановски наведува дека во интерес на истрагата нема да ги посочи со имиња лицата-бизнисмени и функционери околу 40 опфатени во кривичните пријави подесени за 20 кривични дела.
„…За да се избегнат сите шпекулации. Јас со ова соопштение Ви кажувам дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, лица политичари кои се дел од актуелната извршна власт, за лица од бизнис секторот, за неколку цивилни лица блиски до политичарите и носителите на јавни функции. Кривичните пријави се однесуваат на предметот „Рекет“, за сите неодговорени прашања за случајот „Рекет“ каде сум првостепено осуден. Кривични пријави поврзани со случајот кој е во судска постапка – „Меѓународен сојуз“, но и за сторени кривични дела за кои јавноста не е запознаена, а јас сум бил директен сведок, а се многу сериозни кривични дела, и за кои кривични дела се истите сторители, носители на јавни функции заедно во соизвршителство со членови на нивните семејства и нивни блиски соработници и сопартијци.
Почитувани, со оглед на степенот на кривична одговорност, за моите кривични пријави, за сензитивноста и доверливоста на сите факти кои ги изнесувам пред надлежниот обвинител, уште еднаш апелирам активно влучување на независни меѓународни правни тимови. Поради фактот што уште во месец ноември 2019 побарав да бидам изведен пред Републичкиот Јавен Обвинител – Љубомир Јовевски, но бев грубо и дискриминирачки одбиен преку негови изјави за медиумите со што го доведе во прашање својот професионален и личен интегритет и дигнитет. Бидејќи покажа селективност, предрасуди и исклучителна непрофесионалност делејќи лични квалификации за мене…“ пишува Боки.
Целото писмо на Република