По зголемиот тренд на новозраени со Ковид-19,кој во последното деноноќие забележа највисок број досега или 90 и масовното непотување на мерката, албанските власти размислуваат за воведување парична казна за оние кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна маска.
Првиот човек на Службата за микробиологија при унивезитетската клника во Тирана, Анди Корачи, вели дека Комитетот на експерти за справување со пандемјата веќе предложил и оти само прашање на днот е кога Владата ќе го прифати овој предлог.
-Се предлага носењето заштина маска да биде задолжително, главно во затворени простории или на отворено каде не се почитува физика дистанца од над два метри. Во многу земји носењето маска е задолжително и непочитувањето се казнува,што прдонесеува во ублажувањ на сосотјбата, вели Корачи,за Ора њуз.
Според надлежните, градските пазари се најопасните места за ширење на заразата.
Во последното деноноќие во Албанија регистрани се 90 нови случаи на заразени со Ковид-19,што е највисока бројка до сега,со што вкупната бројка изнесува 3.278 лица,меѓу нв 110 деца. Во списокот на оздравени се впишани 1.875 а починале 85.Активни на болеста се 1.318 .Се зголемува бројот на оние кои треба болнички да се третираат, поради што се размислува за отворање на нова болница.