Познатата блогерка на „ТикТок“, Саомаи, која ја следат 218,5 илјади луѓе, беше непријатно изненадена кога видела за што сакале да и наплатат 83 евра во Хрватска.
Како што самата рече, кога го видела апартманот, таа одлучила дека е подобро да спие на плажа.
„Вчера бев бездомничка, а сега ќе видите зошто. Бев во убавиот Брсеч и погледнете што ме дочека. Ова чини 83 евра – каков грабеж“, рече таа.
Таа објави видео на кое се гледа како влегува во многу скромен апартман кој се состои од еден брачен кревет и мала кујна.