Бројот на жртви во поплавите што ја погодија Јапонија се искачи на 66 луѓе, а 16 се водат како исчезнати. Јапонската метеоролошка служба соопшти дека обилен дожд се очекува и за време на викендот.
Поголемиот број загинати ио исчезнати лица се од префектурата на островот Кјушу.
Надојдената вода и опасноста од нови свлечишта ги пролонгираат спсувачките операции, а дел од жителите кои се заробенио во своите домови се евакуираат по воздушен пат.
Околу 2.000 луѓе и понатаму се заробени на 70 локации.
И покрај тоа што евакуацијата не е задолжителна над 1,2 милиони луѓе ги напуштија свооите домови.