Словенија одобри употреба на апликација за следење на конронавирусот, чија употреба ќе биде задолжителна за оние кои се заразени или кои се во карантин.
Собранието го одобри користењето на апликацијата со 50 гласа „за” и 23 „против”.
– Инсталирањето и користењето на мобилната апликација ќе биде доброволно и бесплатно, освен во случаи кога лицето е позитивно на тестот или е наложено да биде во задолжителна карантин, изјави министерот за труд Јанез Циглер Краљ пред гласањето во Парламентот.
Владата предводена од премиерот Јанез Јанша тврди дека апликацијата е неопходна за да се спречи ширењето на заразата бидејќи бројот на нови случаи ескалира во јули.
Апликацијата ќе биде претставена во наредните недели.
Во државата досега се пријавени 1.776 случаи на заразени со новиот коронавирус и 111 смртни случаи, а 13 нови случаи беа потврдени во средата.