Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица. Во Скопје 113, Куманово 28, Дебар 8, Штип 15. Во другите градови состојбата е следна:
– Прилеп 1
– Тетово 40
– Струга 52
– Велес 1
– Охрид 57
– Кавадарци 1
– Гостивар 8
– Крива Паланка 4
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Валандово 2
– Ресен 4
Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777, бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.