Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило и оти обидот да ги заплашат граѓаните со федерализација е, како што посочува, доказ дека губат.
– Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Најновата манипулација на Мицкоски, дублерот на Груевски го потврдува тоа. Повторниот очаен обид да ги заплашат граѓаните со федералзиација е доказ дека губат! Да излеземе на гласање и силно да ги поразиме на 15 јули, напиша Заев на ФБ.