Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителите на кандидатската листа во ИЕ 1, Мила Царовска и Никола Димитров денеска на трибина во Припор разговараа со граѓаните и ги повикаа на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме”.
„Имавме храброст и став и мудрост да имаме наша татковина. Да имаме наша земја. Да имаме имотен лист и повеќе да не сме ФИРОМ. Имаме земја признаена од целиот свет. Чесно му служевме на народот. Не калкулиравме. Ја дигнавме економијата. Покажавме дека Можеме.
Ќе растат и пензии и плати ќе
Македонштината никогаш не била погорда. Целиот свет ни е пријател и имаме поддршка. Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот, на човечињата, на мракот”, рече Заев.
Царовска рече дека многу направивме минатите две и пол години за граѓаните.
„Три работи ќе истакнам. Сите сиромашни домаќинства добија за 300% повисока социјална помош. Со детскиот и образовниот додаток работиме на намалување на детската сиромаштија. Ја зголемивме минималната плата за 60% и многу ме разалоштува тоа дека опозицијата нуди минимална плата од 13.000 денари што е за 1.500 денари помалку од сегашната минимална плата којашто изнесува 14.500 денари. Ги зголемивме пензиите и ќе продолжат да растат. Минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари”, рече Царовска.
Никола Димитров истакна дека не излегувањето на гласање значи враќање назад.
„Чуда направивме за две и пол години. На чекор сме до ЕУ. Немаме избор. Нема враќање назад. Затоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за нивните сателити не води назад. Да си ја зграпчиме шансата можеме многу да направиме во сите сфери”, рече Димитров.