Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција во Изборната единица 4, Александар Николовски вечерва на средба со граѓани во Кавадарци побара масовна поддршка за убедлива победа и преку 60 пратеници.
Николоски, од Кавадарци порача дека треба да се внимава со маката и трудот на земјоделците, и дека треба да се внимава што се прави со цената на грозјето и дека тоа мора да се откупи цело по праведна цена и мора навреме да се плати.
Зборувајќи за својот противкандидат Зоран Заев, Николовски рече дека тој, меѓу другото, е човек кој ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштитен.
-Мојот против кандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата, рече Николоски.
Според него, секој што се огрешил пред законот после 15 јули ќе мора да одговара, додавајќи дека не само директорот на Тутунскиот комбинат зема енормно висока плата, туку и дека и директорот на ТЕЦ Неготино и бордот на директори земале високи плати.