Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и ностел на листата во ИЕ 3
Драго ми е што заедно со потпрестедателката на СДСМ и вице-премиерка Мила Царовска, заедно со носителката Јагода Шахпаска и со кандидатите за пратеници од Штип имавме средба со претставници од Здружението „Гласен текстилец”.
Правата на работниците се светост и многу ми е драго што разговараме за она што го направивме во овој период. Започна процесот на зголемување на минималната плата, која беше оставена на мизерни 9.000 денари, денеска таа е 14.500 денари.Се обврзуваме, тука од Штип, од градот којшто навистина е познат по заштитата на работничките права, дека ќе продолжи растот на минималната плата.
До крајот на следниот мандат таа ќе достигне 20.000 денари, предвидуваме раст од 40 проценти.
Она што го предизвикавме во овој период, раст на платите во сите сектори, доведе и до зголемување на просечната плата, таа ќе продолжи да расте до 34.000 денари.
Особено ме радува што беше прифатен нашиот концепот кој ќе биде воведен веднаш по формирањето на новата политичка влада во август, а тоа е концептот недела неработен ден.
Многу малку време употребуваме за нашите семејства, навистина недела треба да е ден за семејството, ден за нашите најблиски и тоа им го должиме на работничките, на работниците.
Не само да ја зголемуваме минималната плата, не само да растат платите во сите сектори, денес разговараме и за примена на нови мерки и нови политики. Даваме гаранција за имплементација на овој концепт, недела неработен ден, недела ден за семејството.
Продолжуваме таму каде што застанавме, затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро.
Од тука, од Штип ја бараме чесно, искрено и одговорно поддршката на работничките и на работниците, да застанат зад нашата листа на кандидати, зад Коалицијата „Можеме” за да продолжиме да се бориме за сигурност, за извесност и за уште поголема заштита на работничките права. Со ВМРО-ДПМНЕ влегуваме во процес на неизвесност. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е опасност за враќање назад и опасност за уништување на дел од мерките и политиките за кои се боревме заедно.