Ким Јо Џонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, денеска изјави дека од самитот на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп ќе има корист само Вашингтон.
Сестрата на Ким, сепак, ја остави отворена можноста за нова рунда разговори, јави севернокорејската државна агенција КЦНА.
Таа оцени дека самитот со Вашингтон веројатно нема да се одржи оваа година, но додаде и дека „никогаш не се знае”.