Тетово го помина Чаир по бројот на активни случаи на Ковид 19, Свети Николе ново жариште

Тетово (324) има повеќе активни случаи на Ковид 19 отколку Чаир (323), кој околу два месеци беше населено место со најголем број на заразени од коронавирус во земјава, но понатаму останува скопска општина со најголем број на заболени.

Загрижувачки е што се отвори ново жариште во Свети Николе каде има 81 активен случај, но има и голем број на нови заболени во Гостивар.

Во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Двеста активни случаи има и во Гази Баба, а над 150 случаи се евидентирани и во Аеродром, Бутел, Центар и Карпош. Во Аеродром има 162 активни случаи, во Карпош 147, а по 146 активни случаи имаат Бутел и Центар. Во Сарај во изминатото деноноќие се евидентирани 128 случаи, во Студеничани 116, во Кисела Вода 108, во Ѓорче Петров 107, во Шуто Оризари 86, во Арачиново 45, Илинден 31, Петровец 17, Чучер Сандево 16, Зелениково 13 и Сопиште 8.

 

Треба да знаете
Последни објави