Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Пехчево каде што истакна дека во изминативе три ипол години од СДСМ видовме само криминал, корупција, лаги и предавства.
Јанушев изјави дека граѓаните на Република Македонија единствено што видоа од СДСМ и Зоран Заев е откажување од идентитетот, распродажба и играње со историјата, односно креираа состојба со која го натераа народот да ја наведне главата.
– Стоиме сега овде пред вас и ви даваме збор еден од главните приоритети на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе биде враќање на достоинството на македонскиот народ, борба за македонското национално достоинство.
Одговарајќи на нападите на неговиот противкандидат Љупчо Николовски од СДСМ, Јанушев потенцираше дека на Николовски требаше да му биде незгодно и срам кога 2016 година заедно со Зоран Заев се колнеа и лажеа дека нема да го менуваат уставот, нема да го продадат идентитетот, дека ќе се борат за историјата и јазикот.
– Дали овие луѓе имаат образ и чест. Во 20 дена не видовме што е програмата на СДСАМ, што ветуваат и што нудат пред граѓаните. Истото што го лажеа во 2016 година, истото го повторуваат сега малку само надградено. Лагите и манипулациите на СДСМ, немаат крај. Колку е неспособен Љупчо Николовски говори еден податок дека кога беше министер за земјоделие, се што можеше да уништи, тој уништи, а во еден период од ноември 2018 до декември истата година, немал поим кај му бил факсимилот и штанцале договори и настанал хаос во министерството. Оттука му порачувам дека се ќе биде проверено и за секој криминал ќе одговараат и тоа во првите 6 месеци, изјави Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вели доколку Љупчо Николовски имаше малку доблест и чесност во него ќе имаше храброст да се појави на дебата, а не да бега и лаже како Шекеринска која прво го знаеше Боки 13 од телевизија, а потоа призна дека заедно со него договарала закон за ЈО.
– Велат можеме, но реалноста е можеа. Можеа да не крадат, да не лажат, можеа да не нарачуваат палење на автомобили и пресметка со неистомисленици, можеа парите кои ги крадеа во Луј Витон ташни да ги вратат кај народот, можеа многу работи да направат, ама ништо не направија. Доаѓа обновата!, нагласи Јанушев