Латинска Америка и Карибите станаа „жешка точка” во пандемијата на Ковид-19 и неколку држави во регионот сега имаат најголем број случаи по глава на жител, како и најголем апсолутен број на потврдени случаи во светот. Тоа го изјави синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Шефот на светската организација презентираше извештај во кој се нагласува дека во 2020 година регионот се очекува да го намали БДП за 9,1 процент, што може да биде „најголем во изминатиот век”.
– Тоа ќе предизвика невидена рецесија, изјави Гутереш.
Според извештајот објавен од генералниот секретар, невработеноста во регионот се очекува да порасне за 13,5 проценти од 8,1 процент минатата година и да зафати повеќе од 44 милиони луѓе.
– Стапката на сиромаштија се очекува да се искачи на 37,2 проценти, од 30,2 проценти претходната година. Тоа значи дека 230 милиони луѓе ќе бидат погодени, додека една година претходно биле 185 милиони, рече Гутереш.
Генералниот секретар исто така рече дека Јужна Америка и Карибите веќе се соочиле со високи нивоа на непријавена работа и фрагментирани здравствени услуги и дека најранливите луѓе во регионот повторно биле најтешко погодени од Ковид-19.
Гутереш истакна дека луѓето со африканско потекло, мигрантите и бегалците страдаат несразмерно силно.