Вонредната состојба во Италија, прогласена како одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, најверојатно ќе биде продолжена по 31 јули, изјави денеска премиерот Џузепе Конте.
Според ситуацијата во која земјата се наоѓа моментално, како што рече, „разумно е да продолжи вонредната состојба”, пренесува Би-Би-Си.
Тој истакна дека мерките се донесени за да се држи вирусот под контрола.
Вонредната состојба им дава можност на локалните власти да воведат процедури за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа може да вклучува забрани за движење и патување, затворање на јавни места и забрани за јавни собири.