Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на Еуро Брик во Велес, македонско-турска компанија за производство на цигли. Компанијата е корисник на финансиска поддршка согласно Законот за Финансиска поддршка на инвестиции.
Законот за Финансиска поддршка има за цел директна поддршка на инвестициите и поттикнување на компаниите да се развиваат и да го зголемуваат производството. Владата и компаниите одржуваат непрекината комуникација со цел зајакнување на соработката и добивање најдобри резултати. Со редовни посети и комуникација им се излегува во пресрет на компаниите за нивните потреби.
Министерот во склоп на својата посета на Велес оствари средба со граѓани. При средбата со граѓаните ги сослуша нивните барања и проблеми и разговараа за замислите и плановите на коалицијата за натамошниот период.
Министерот Елвин Хасан е заменик претседател на Партијата за движење на турците која е дел од коалицијата Можеме.
-Партијата за движење на Tурците и во периодот на опозиција се залагаше за градење на демократско општество со европски вредности каде што секој е еднаков и малите етнички заедници се рамноправни со останатите и уживаат во истите права. Коалицијата се залага за подобрување на квалитетот на граѓаните и во изминатите години власт постигна значителни резултати со покачување на пензиите, субвенциите како и минималната плата која од 9.000 се покачи на 14.500 и која до 2024 се планира да стигне до 20.000, рече Хасани.