Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Делчево рече дека на 15 јули одлучуваме во каква Македонија сакаме да живеееме, понижена Македонија или горда Македонија. Затоа порача, Мицкоски, да гласаме за реден број 14 и за Обнова на Македонија
„Се започна пред 30 месеци и внимателно одевме кон крајната цел, а тоа беа предвремени парламентарни избори и дојдовме до целта. Морам да бидам искрен и да кажам дека имаше и критика дека сме млаки, но знаете критика од блиски не боли. Остана уште малку до крајот на криминалот и корупцијата, доаѓа победа на Обновата. Се чувствува енергија околу Обновата која доаѓа. Јас верувам во моите граѓани, во сите нив без разлика на припадност по етникуми. Тие се обединувале и пред поголеми и помоќни противници, така ќе биде и сега на 15 јули“, рече Мицкоски.
Мицкоски се осврна на матрицата на владеење на СДСМ, или прв чекор, предизборна лага, второ, национално предавство и срам, третиот, пљачка и криминал и последниот кога ги заробуваат обвинителството и судството, обвинителството за да се пресметуваат со неистомисленици а судството за да носат трас-трас одлуки.
Овој пат, рече Мицкоски, СДСМ и Беса на маса ја ставаат Македонија, и првиот чекор е федерализација а вториот, целосно уништување на Македонија.
„Некој ќе рече ова е во главата на вмровците. Но, не е, а јас сум убеден дека народот е мудар и знае и ќе гласа број 14“, рече Мицкоски.
Според него СДСМ да, можеа, многу повеќе, можеа да направат пристојно место за живеење, но направија повеќе криминал, корупција, разнебитување на државата.
„Да им одржиме лекција како се сака Македонија. Велеа ќе донесе правда и мир, правдата ја донесоа во една Луј Вутон чанта и трас-трса одлуки во судството, а мирот го направија немир. Сетете се што им зборуваа на родителите на децата од Смилковско езеро. Денес имаме патриоти осудени на 10-15 години. Оваа е таа нивна правда. Затоа е многу важно да се донесе одлука во каква Македонија сакаме да живееме омаловажена, уништена или Македонија со нови луѓе со решенија за проблемите. Ова е одлука за иднинатата на нашите деца, но и за нашите предци кои со живот го платија ова што го живееме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски порача овие политички измамници мора да ги пратиме на страната на историјата, на онаа срамна страна, а тоа може само ако се обединиме.
„И кога говорам за обединување мислам на сите, определни за нас, неопределени, и оние разочарани од СДСМ. Во иднинина никој нема да шефува и владее со народот, туку ќе има политичари кои ќе работат со и за народот“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на мерките во програмата Проект-Обнова во која рече дека има за секого по нешто.
„Таму има како да дојдеме до повисока плата од 25 проценти, повисоки пензии и да го вратиме стариот закон во кој имаше два пати годишно покачување на пензиите, таму има како да ги ослободиме учениците од партиципација за 2020-21, како до бесплатен приклучок за гас, таму има за вратено национално достоинство, таму нема преговори за Гоце Делчев, тој е Македонец, не може да преговараме за Гоце, Даме, Питу…Нашиот македонски јазик не прави посебни, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара за нашиот македонски јазик. Во програмата ќе најдете правда за секого без исклучок. И затоа уште во првите 100 дена ќе поднесеме закон за ветинг на политичарите да видиме кој се богател на грбот на народот“, рече Мицкоски.