Вчера ,09.07.2020 на Армискиот полигон Криволак започна уништувањето на НУС- неексплодирани убојни средства од страна на пиротехничарите при Дирекцијата за заштита и спасување. Уништувањето на НУС е комплексена операција која се одвива согласно Стандардна оперативна процедура за прифаќање, транспорт и уништување на НУС.
Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации на нашата земја и потекнуваат од Првата и Втората Светска војна. На операцијата присуствуваше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски каде му беа презентирани најсовремените средства за уништување на НУС, кои беа набавени од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот, ја искористи оваа прилика да им да се обрати на пиротехничарите за решавање на нивниот статус, набавка на нова опрема и подобрување на условите за работа. Исто така, директорот ја истакна и потребата од вработување на млади пиротехничари и нивна обука за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и за потребите на нашата земја.