Спикерот на американскот Претставнички дом, Ненси Пелоси, одби да ги осуди демонстрантите кои ја соборија статуата на Кристофер Колумбо во нејзиниот роден град Балтимор пред да ја фрлат во пристаништето во близина, пренесува „Њујорк пост“.
„Сметам дека заедницата одлучува какви статуи сака да гледа“, рече Пелоси на прашањето за коментар за инцидентот на 4 јули, кога толпа активисти ја срушија статуата на Колумбо, ја одвлекоа до работ на пристаништето и ја фрлија во вода.
Објаснувајќи го својот став, демократската конгресменка рече дека не е сентиментална личност, па дури и отиде дотаму што ги спореди спомениците со обетките на нејзината баба, што не ги сочувала.
„Јас не сум една од оние луѓе што ќе речат ‘Ох, нечија статуа на некое мсто е важна работа. Ако заедницата не сака статуа таму, статуата не треба да биде таму. Не ми е гајле многу за статуите“, рече таа на брифингот во Капитол Хил.
Кога еден известувач ѝ возврати на Пелоси, велејќи дека ќе биде подобро Градскиот совет да ја отстрани статуата наместо некоја толпа во текот на ноќта, конгресменката рече: „Луѓето ќе го сторат она што го прават“.
Ноншалантниот став на Пелоси кон соборувањето на статуите низ целата земја по смртта на Џорџ Флојд е во спротивност на ставот на претседателот Трамп, кој предупреди дека ќе воведе големи казнени казни за сторителите.
Пелоси, чиј татко беше градоначалник на Балтимор од 1947 до 1959 година, исто така зазеде поинаков став пред локалните лидери кои го осудија однесувањето на демонстрантите. Градоначалникот на Балтимор, Бернар Ц. Џек Јанг изјави дека нема да толерира уништување на статуата на италијанскиот истражувач од 15 век, кој ја колонизираше Америка.
„Ако ги идентификуваме сторителите, тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Ние поддржуваме мирен протест. Ова не е мирен протест. Неприфатливо е “, рече Јанг.