Силјановска: На почетокот на мандатот ќе ги зголемиме платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 проф. Др. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со здравствените работници.

“Туку што заврши средбата со 30 лекари и лекарки и друг персонал. Искрено им завидувам. Посакувам државата да се однесува кон нив како тие кон нас. Тоа се моите хероини и херои. Мислам дека она што е вградено во Обновата во сферата на здравството во голем дел е нивен предлог. Посакував да се оствари идејата за клинички центар. Сигурно ќе беше веќе готов. Наместо да се дислоцира, во наводници, не знаеме каде, далеку од градот, иако секаде клиничките центри се во најстрогиот центар за да им бидат достапни на сите. Мислам дека целосно во ред е одредбата од обновата. На почетокот на мандатот да се зголемат платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал. Тоа е не само заслуга за надчовечките напори што ги направија туку тоа е и логичен чекор за да се сочуваат оние кој што се најкомпетитивни да не одат надвор”, потенцираше Силјановска.

“Идејата за дежурни матични лекари како и идејата за формирање на болница за дневен престој мислам дека е час поскоро нужно решение што треба да се реализира. Проблемите со специјализантите веднаш треба да се решат додека се овде со нас и додека не заминале по светот. И да бидам искрена јас како некој што сакал да студира медицина но во последен момент направил погрешен чекор денеска имав задоволство да се дружам со инзворедно умни, инзвонредно хумани, инзворедно посветени луѓе кои ја заслужуваат мојата доверба и мојот респект. Знам дека сме во сигурни раце. Се надевам дека една друга власт ќе го препознае тоа и соодветно ќе го награди нивниот труд и ќе го стимулира нивниот понатамошен ангажман за здравјето на популацијата но и за здравјето на самата држава”, истакна Гордана Силјановска Давкова.

 

Треба да знаете
Последни објави