Спасовски ги надградува лагите од 2016-та

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Оливер Спасовски

Заев и Спасовски ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Народот гледа дека ништо од тоа што го ветија во 2016 –та не направија. Нема ништо од ветените 600 километри нов автопат и илјадниците километри магистрални и локално патишта.

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат. Им требаше две години да ги пуштат автопатите кои ги изгради владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миладиновци –Штип и Демир Капија-Смоквица, па уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево –Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење.

Тоа што Спасовски сега пред избори ќе се слика и помпезно ќе најавува пак кули и градови, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие видоа дека СДСМ можеше, ама ништо не направи. Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1000 конкретни и остварливи проекти како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи, и реконструкција на над 1000 километри магистрални , регионални и локални патишта.

Спасовски, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави