Стејт департментот потврди дека е одобрена можноста за продажба на 105 борбени авиони Ф-35 на Јапонија за 23 милијарди долари.
„Од витално значење за американските национални интереси е да и се помогне на Јапонија да развие и одржи силна и ефикасна одбранбена сила”, се вели во соопштение на Стејт департментот.
Предложената продажба на борбени авиони нема да го наруши воениот баланс во тој дел од Азија.