Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска вечерва на трибина на Кисела Вода ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за бројот 3.
“На 15 јули ве повикувам да гласаме за повисоки плати, повисоки пензии за повеќе градинки. Ветивме дека ќе вложуваме во децата и најсиромашните и го направивме тоа. Го подигнавме стандардот. Стечајните работници коишто со години талкаа по улиците се обезбедени до пензионирање со месечен надоместок. Не ги заборавивме и повозрасните. Не калкулираме и не манипулираме со пензионерите. 324 илјади пензионери добија повисоки пензии за 722 денари.
Во Кисела Вода заедно со градоначалникот инвестиравме во нова детска градинка. За две и пол години изградивме, инвестиравме, реновиравме 44 градинки во цела држава од кои 16 се во Скопје. Продолжуваме да вложуваме во детскиот развој, затоа што оваа инвестиција е највредната и најзначајна за иднината на нашата држава”, рече Царовска.