Во медиумите се појавија информации и факти според кои Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во 2019 година организирала настан за кој постојат сериозни сомнежи дека е направен под превезот на завршен настан на невладина организација финансиран преку Еразмус програмата. Ова, почитувани граѓани, е скандалозно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека освен за проневери и криминал, освен тоа да грабаат пари во „белиот дворец” за ништо друго не знаат. истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски, претседател на СДММ.
– Дали повторно се дрзнале да проневеруваат европски пари наменети за младите и да ги користат за лични и партиски цели. Дали злоупотребиле европски пари за да спремаат црна пропаганда или, пак, под превезот на семинари и школи учеле како Мицкоски да ги брани своите финансиери од правдата. Од видеото, снимките и фотографиите од тој настан се гледа се гледа учеството на високи партиски функционери, меѓу нив е и Владо Мисајловски некогашната десна рака на Миле Јанакиески, а денес носител на ИЕ 2. Меѓу нив е и Александар Николовски несудениот амбасадор во Брисел и докажан извор на лажни вести, денес носител на листата во ИЕ 4. Дали Мисајловски и Николовски се соучесници во злоупотреба на европски пари кои наместо за младите ги употребиле за партиски цели. Какви искуства им пренеле овие двајца на младите дека можат да злоупотребуваат домашни и европски пари и да останат неказнети?, праша Каевски.
Ги повикува надлежните институции веднаш да отпочнат истраги за сомнежите од овој случај. – Овие индиции освен што се спротивни на законот, тие ја поткопуваат кредибилноста на нашата држава пред ЕУ. Програмата Еразмус е реномирана програма преку која се финансираат проекти од образованието, претприемништвото, културата, а не партиски собири на ДПМНЕ. Очигледно е дека и во младината на ВМРО-ДПМНЕ е истата матрица во која е заглавена оваа партија, рече тој.
– Затоа на 15 јули младите повторно ќе ги казнат криминалиите, расипничките неодговорни постапки на ВМРО-ДПМНЕ. На 15 јули ќе им ставиме забрана да не можат да се приближат веќе до европски пари затоа што се покажа дека веднаш ги крадат или ги трошат за нивни партиски цели. По 15 јули никогаш повеќе злоупотреба на средства во партиски цели, никогаш повеќе злоупотреба на европски фондови. По 15 јули никогаш повеќе режим во нашата држава, посоки Каевски.