Во медиумите се појавија информации кои отвораат сомнеж дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организирала партиски настан со европски пари.
Според објавената истражувачка сторија, Унијата на млади сили во август 2019 година организирала настан за кој постојат сериозни сомнежи дека е направен под превезот на завршен настан на невладина организација финансиран преку Еразмус програмата.
Ова, почитувани граѓани е скандалозно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека освен за проневери и криминал, освен тоа да грабаат пари во белиот дворец, за ништо друго не знаат.
Што учеле младите на „Летната школа”? Како преку реномирани европски програми да финансираат свои, партиски настани и собири?
Од видео снимките и фотографиите објавени на тој настан се гледа учеството на високи партиски функционери. Меѓу нив и Владо Мисајловски некогашната десна рака на Миле Јанакиески, а денес носител во изборна единица 2, меѓу нив е и Александар Николовски, несудениот амбасадор во Брисел и докажан извор на лажни вести, а денес носител во изборната единица 5.
Какви искуства им пренеле овие двајца на младите? Дека можат да злоупотребуваат домашни и европски пари неказнето?
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да отворат истраги за сомнежите во овој случај. Овие индиции освен што се спротивни на законот, туку и ја поткопуваат нашата кредибилност пред ЕУ. Програмата Еразмус е реномирана програма преку која се финансираат проекти од образованието, претприемништвото, културата..
Очигледно е дека и во младината на ВМРО-ДПМНЕ е истата криминална матрица во која е заглавена оваа партија.
Затоа на 15 јули младите повторно ќе ги казнат криминалните, расипнички и неодговорни постапки на ВМРО-ДПМНЕ
На 15 јули ќе им ставиме забрана да не можат да се приближат до пари веќе затоа што се покажа дека веднаш ги крадат или ги трошат за партиски цели.
По 15 јули никогаш повеќе злоупотреба на средства во партиски цели, никогаш повеќе злоупотреби на европски фондови. По 15 јули – никогаш повеќе режим!