Манчестер Сити повторно го распарчи составот на Брајтон. Вечерва го победија ривалот од југот со 5:0 во гости. Toa e всушност и најубедливиот триумф на „граѓаните“ во дуелите со „лебедите“ во историјата.
Рахим Стерлинг реализира три гола и стигна до бројката 26 сезонава во сите конкуренции, односно 82 гола севкупно во Премиер лигата. По еден дадоа Габриел Жесус и Бернардо Силва.
За Брајтон ова е трет пораз во последните четири меча, а втор по ред. Манчестер Сити се зацврсти на втората позиција на табелата.