На 10.07.2020 во 12:45 часот во Полициската станица Ресен, С.С. од Скопје пријавил дека неговиот татко П.А.(78) од Скопје, паднал од скала и се повредил. Тој бил пренесен во ЈЗУ Ресен, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и од извршениот разговор со сопругата на починатиот било утврдено дека П.А., додека извршувал активности во дворот од викенд куќата во туристичката населба Претор, каде што престојувале заедно, паднал по скалите во дворот и се повредил. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.