„Вработувањата се клучни, ќе се обидеме да ги решиме проблемите со луѓето на привремени договори, кои се држат така со години како заложници за избори. Никој нема да биде дискриминиран, сите ќе имааат можност да напредуваат“, истакна генералниот секретар на Беса, Кастриот Реџепи, од централниот собир во Тетово.
„Имаме 4 постигнувања ви нашето досие, иако како опозиција, со уставните измени. Ова е доказ дека ќе ве претставуваме достоинствено и дека го остваруваме тоа што го ветуваме“, порача генералниот секретар на БЕСА, Реџепи.
На собирот беше прочитано и писмо на поддршка од Сојузот на албанската дијаспора. „Правото на глас е уставно право. Излезете и гласајте за Беса, ќе се факторизира за решавање на проблемите на Албанците оставени настрана со години“, се вели во писмото од Сојузот на албанската дијаспора.