Филипче: На 15 јули бирате кој ќе ја води битката со КОВИД-19, гласајте за СДСМ, за сигурност и заштита на здравјето

По четири месеци тешка битка со вирусот, слободно можам да кажам дека ние одговоривме зрело, навремено и ефикасно. Го заштитивме здравствениот систем, ги подготвивме капацитетите и добро ја информиравме јавноста. Не дозволивме лоши сценарија какви што гледавме низ Европа и светот.
Во комуникацијата со вас граѓаните, бевме чесни, транспарентни и доследни. Ве известувавме навремено, без лажни надежи или пак кревање непотребна паника. Знаевме дека криењето информации може да биде опасно и затоа никогаш не го направивме тоа.
На 15 јули вие граѓаните одлучувате кој ќе продолжи да се справува со коронавирусот. Кој ќе ве води низ ризичниот есенски период, но и следната година. Вирусот е тука и нема да замине скоро, а справувањето со него ќе биде еден од најголемите предизвици на идната влада.
На 15 јули вие бирате – дали јас, ние, тимот на СДСМ ќе продолжиме на ист начин уште пожестоко да ја биеме оваа битка или тоа ќе го прави сегашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Досега од опозицијата добивавме само пречки и опструкции на работата. Бомбардираа со лажни вести, свесно креваа паника, измислуваа афери и блокираа 33 милиони евра европски пари наменети за нашето здравство. Наместо да помагаат, тие одмагаа во борбата со вирусот. Крајно неодговорно, незрело и опасно однесување.
Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на овие луѓе? Искрено верувам дека одговорот е не.
Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата „Можеме”, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави