„Овој собир не е за да покажеме колку е силна Беса во Тетово, за тоа нема дискусија. Овој собир е за да се даде одговор на прашањето зошто не, а зошто ДУИ во опозиција“, истакна шефот на изборниот штаб на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.
„Додека ние зборуваме за животен стандард, а тие за историја и фолклор. Не заборавајтре, последен што зборуваше за историја беше Никола Груевски, а знаеме каде тој заврши“, посочи Хоџа.
Хоџа ја коментираше и идејата за премиер Албанец. „18 години не успеаја да изградат кадар за премиер, па го најдоа оној што ја заврши кариерата во политиката тогаш кога се појави ДУИ“, забележа Хоџа
Ова е историска шанса преку полно партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други заедници да ја изградиме иднината, индината младите да ја најдат тука“ порача Хоџа.
На собирот беше прочитано и поддршка од Сојузот на албанската дијаспора. Правото на глас е уставно право. Излезете и гласајте за Беса, ќе се факторизира за решавање на проблемите на Албанците оставени настрана со години“, се вели во писмото Сојузот на албанската дијаспора.