Шахпаска од Велес: На 15 јули со заокружување на бројот 3 одиме напред, сите заедно по патот на напредокот, новите можности и новите успеси!

-„На 15 јули, излезете и гласајте! Затоа што секој глас е важен! Затоа што се носат важни одлуки! Не се седи дома! Седењето дома, значи давање шанса за обнова на режимот и враќање на Груевски! Не смееме тоа да го дозволиме!-порача носителката на ИЕ 3 Јагода Шахпаска на средбите со граѓани во Велес.
Изминатите три години, навистина работевме поосветено и сработивме многу. За нас секој граѓанин е важен. Креиравме политики од кои граѓаните имаат директни придобивки.-посочи Шахпаска.
Таа се осврна на растот на минималната плата од 9000 на 14.500 денари, што претставува раст од 5500 денари, раст на просечната плата за околу 5000 денари, раст на пензиите за 1700 денари за три години, воведувањето на државната социјална пензија од 6000 денари за  лицата кои не исполнуваа услови за редовна пензија, растот на платите на лекарите и другите здравствени работници до 40%.
Шахпаска истакна дека е особено горда на социијалната реформа со која соцојалната помош порасна за 300%, а се зголеми и опфатот на приматели, денес 27000 семејства имаат придобивки од неа. А како особено важно го истакна и детскиот и образовниот додаток, преку кој се бориме против детската сиромаштија.
-„Влезени сме во НАТО, сигурно чекориме кон ЕУ. Граѓаните препознаваат кој вложува во државата издигнувајќи ја на ниво на европски стандарди,  вложува во луѓето, а кој краде безмилосно  и работи исклучиво за лични и партиски интереси.
Време е за нови иницијативи на кои се обврзуваме. Во следниот мандат можеме уште повеќе да постигнеме, бидејќи ги решивме најкрупните прашања што ни стоеа на патот.  Продолжуваме да  вложуваме во домашната економија и да се бориме за повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните.
На 15 јули со заокружување на бројот 3 одиме напред! Сите заедно по патот на напредокот, новите можности и новите успеси! Заедно можеме се!”-порача Шахпаска од Велес.

 

Треба да знаете
Последни објави